Руското Министерство за надворешни работи денеска ги повика амбасадорите на Естонија, Летонија и Литванија да најави протерување на дел од нивните дипломати како реципрочна мерка, јавува Ројтерс.
Да потсетиме, Латвија и Естонија на 18 март објавија дека протеруваат по тројца руски дипломати, додека Литванија изјави дека им кажала на четворица Руси дека мора да ја напуштат земјата.
Погодена зградата на градската управа во Миколаев, осум лица затрупани во урнатини (ФОТО)
– Дипломатите се протерани во, како што се наведува, координиран потег „во врска со активности кои се спротивни на нивниот дипломатски статус, но и земајќи ја предвид руската агресија во Украина – објасни тогаш летонското Министерство за надворешни работи.