Рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко изјави дека Русија ги поздравува напорите на која било земја насочена кон изнаоѓање „мирно решение“ за војната во Украина.
Неговата изјава дојде откако индонезискиот министер за одбрана Прабово Субианто го претстави мировниот план минатата недела.
– Ги поздравуваме напорите на сите земји кои имаат за цел мирно решение на овој конфликт – изјави Руденко за државната новинска агенција ТАСС.
Индонезискиот министер за одбрана Прабово Субианто во саботата предложи мировен план за војната во Украина, повикувајќи на формирање на демилитаризирана зона и референдум со помош на Обединетите нации на, како што рече, спорната територија.
Субианто ги повика претставниците на одбраната и војската од целиот свет, собрани на воениот самит во Сингапур, да издадат декларација со која се повикува на прекин на непријателствата.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.