Руската Служба за безбедност ФСБ денеска соопшти дека отворила кривична постапка против двајца странски новинари кои илегално ја преминале руската граница за да известуваат од областа Курск по упадот на Украина, пренесе агенцијата Интерфакс.
Повикувајќи се на ФСБ, Интерфакс објави дека меѓу новинарите има и репортер на германската телевизија Дојче веле и дописник на украинскиот ТВ канал 1+1.
Тие се соочуваат со пет години затвор
ФСБ покрена кривична постапка против најмалку седум странски новинари кои известуваа од Курск.
Новинарите отпатуваа од Украина до Сужа со украински воен конвој, каде наидоа на речиси напуштен град со само неколку десетици постари жители.
Максималната казна за секој што ќе биде прогласен за виновен за нелегално преминување на границата е пет години затвор.
Украинската молскавична инвазија на Курск, најголема од Втората светска војна, започна на 6 август, кога илјадници украински војници ја преминаа западната граница на Русија.