Русија: 60 украински командоси со 7 бродови се упатија кон Запорожје

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана тврди дека украинските војници се обидуваат да ја заземат нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа.

Loading...

„Денеска, околу шест часот наутро по московско време, украински војници со две диверзантски групи, вкупно 60 членови со седум бродови, упаднаа на брегот на регионот Каховна, кој се наоѓа на околу три километри североисточно од нуклеарната централа Запорожје. Се обидоа да ја преземат нуклеарната централа“, соопшти руското министерство.

Руската војска соопшти дека презела акции „за уништување на непријателот, вклучително и ангажман на воздухопловните сили“.

Руското Министерство за одбрана, исто така, тврди дека два часа по пристигнувањето на украинските командоси во областа Каховна, украинската армија почнала да ја гранатира локацијата во близина на градот Енергодар, каде што се наоѓа електраната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Руските медиуми потсетуваат дека низ тој простор треба да поминат инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кои се на пат да ја посетат нуклеарната централа Запорожје.

„Со оваа провокација Киев сака да го спречи доаѓањето на мисијата на МААЕ во нуклеарната централа Запорожје“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според „Спутник“, ситуацијата е тензична во последните неколку дена, а руските и украинските сили меѓусебно се обвинуваат за употреба на артилерија во близина на електраната.

Службата за односи со јавноста на рускиот претставник во Обединетите нации, Василиј Небензје, откри дека таа испратила писмо до Советот за безбедност на ОН во врска со украинскиот напад на нуклеарната централа во Запорожје.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

Писмото содржи докази дека украинската армија го гранатирала Запорожје на 29 август.

Украинската страна ги отфрла овие обвинувања.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.