Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборија 39 украински дронови над руска територија, соопшти руското Министерство за одбрана.
Loading...
„Дежурните системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 19 дронови од типот на авиони над Курск, девет над Белгород, три над Воронеж, пет над Брјанск и три над Ленинградската област“, се наведува во соопштението, а пренесува агенцијата РИА Новости.
Гувернерот на областа Воронеж, Александар Гушев, изјави дека над областа Острого е соборен дрон и дека неговите делови оштетиле јавен инфраструктурен објект во селото Газопровод.
Повредени нема, а пожарот кој избувнал брзо бил изгаснат од противпожарните екипи, изјави Гушев, пренесува Танјуг.