Руси: Украинците синоќа го нападнаа Крим со дронови, ние ги одбивме

Сподели со своите пријатели

Руската Црноморска флота одби напад со дронови на кримското пристаниште Севастопол извршен во текот на ноќта од недела кон понеделник, објави на апликацијата Телеграм прорускиот гувернер на Севастопол Михаил Развозаев.

Loading...

„Според последните информации, едното беспилотно летало е уништено, а другото самото експлодира. Сега се е тивко, но сите наши сили и служби се во готовност“, најави Развозаев, тврдејќи дека во нападот нема штета.

Севастопол, исто како и остатокот од украинскиот полуостров Крим, беше анектиран од Русија во 2014 година.

Украина сѐ уште не го коментираше последниот напад со беспилотни летала на Крим, што е во согласност со политиката на Киев да не презема одговорност за напади на руска територија, исто како и на териториите на Украина кои се под контрола на руските сили.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.