Рубио го повика Зеленски да се извини по средбата со Трамп

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Марко Рубио го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се извини по средбата со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа.

Loading...

Украинскиот лидер треба „да се извини што ни го изгубивме времето на состанокот што заврши вака“, рече американскиот дипломат во интервју за Си-Ен-Ен.

„Ние бевме многу јасни за тоа кој е нашиот план, а тоа е да ги доведеме Русите на преговарачка маса“, рече тој.

„За десет дена, во сите ангажмани што ги имавме со Украинците, имаше компликации, вклучително и изјави на претседателот Зеленски“, рече тој, доведувајќи ја во прашање желбата на украинскиот претседател „да склучи мир“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски по скандалот во Белата куќа: На Трамп не му должам извинување

„Можеби тој не сака мировен договор. Тој вели дека сака, но можеби не сака“, рече Рубио, додавајќи дека „овој начин на поткопување на мировните напори е многу фрустрирачки“.

Украинскиот претседател вчера изјави дека не му должи извинување на Трамп, неколку часа по нивната вербална пресметка во Белата куќа пред камери.