Романија загубила 1,1 милион жители во изминатите 11 години, а нејзиното население падна на 19,05 милиони во тренд поттикнат од миграцијата и демографијата, покажаа прелиминарните пописни податоци објавени од Националниот завод за статистика во петокот.
Loading...
Луѓето на возраст над 65 години сочинуваат околу една петтина од населението, покажуваат податоците.
Триесет и девет од 42 области забележаа намалување на населението во споредба со претходниот попис во 2011 година, вклучувајќи го и главниот град Букурешт.
Податоците покажуваат дека Романија има 9,8 милиони жени или 51,5 отсто од населението. Околу 52,2 отсто од населението живее во урбани средини, пренесува Ројтерс.