Рогов: Приведените Украинци кои подготвувале терористички напад

Сподели со своите пријатели

Владимир Рогов, член на главниот совет на регионалната администрација на регионот Запорожје, денеска изјави за РИА Новости дека во градот Енергодар е приведена група украински диверзанти кои подготвувале терористички напад во нуклеарната централа Запорожје.

Loading...

Според Рогов, приведувањето на диверзантската група уште еднаш ја покажува „терористичката природа на режимот во Киев“, пренесува Танјуг.

Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа на левиот брег на Днепар, таа е најголемата нуклеарна централа во Европа по број на единици и капацитет, а од март е под контрола на руската армија.

Украина и Русија разменуваат обвинувања за гранатирање нуклеарна централа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.