Ризикот во градинките е низок, за училиштата е рано за заклучок, но онлајн-настава е исправна одлука, смета Филипче

Сподели со своите пријатели

Низок е процентот на деца и воспитувачи во градинките кои се ставени во изолација што значи дека протоколите се почитуваат, а исто така низок е и ризикот кај деца под шест години. Тоа е забележливо и во статитстиката кај нас, но и во светот, реле министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Исклучително е важно, нагласи тој, воспитувачите и другите што се во контакт со децата да се штитат и надвор од работното место бидејќи заболувањсата се случуваат најчесто надвор, но засега нема внатрешна трансмисија на вирусот.

– За училиштата е многу рано да се извлекуваат заклучоци зашто не се поминати две недели од почетокот на учебната година. Според првичните информации од Институтот за јавно здравје и Министерството за образование и наука, координацијата и постапувањето согласно протоколите е добра, но со оглед дека е почнат есенски бран, се потврдува дека е исправна одлуката за онлајн-настава зашто тоа значи сериозно намалување на ризикот од вирусот во претстојниот период, истакна Филипче.

 

Поврзано

 

Тој посочи дека првичните информации кои денеска ги соопшти МОН потврдуваат оти во изолација се 53 ученици и осум наставници. Во сите училишта каде што има позитивни случаи на настава со физичко присуство, рече Филипче, се постапува навремено согласно со протоколите и алгоритмите во соработка со локалните центри за јавно здравје.

За ОУ „Гоце Делчев“ во Центар, каде што  вкупно 39 првачиња се во изолација (17 вчера и нови 22 денеска) на прашање дали ако носеле маски и биле на растојание треба да се во изолација сите деца во одделението, министерот одговори дека според усвоениот алгоритам за постапување во градинките и училиштата, епидемилогот има слобода во работата за да го процени ризикот и врз основа на тоа да даде препораки.

Loading...

– Значи, апсолутно не е задолжително целиот клас или група, ако се работи за градинка, да оди во изолација, но епидемиологот е тој кој го проценува ризикот, одговори Филипче.

На прес-конференцијата министерот соопшти нови предлог-мерки поради високиот број новозаразени кои вчера и денеска се над 300 (317 и 364). Децата до шест години се исклучок од предложената мерка за задолжително носење заштитна маска надвор од дома.

Хатка Смаиловиќ

Leave a Reply