По само три натпревари одиграни во дресот на МКК Куманово, репрезентативецот Адем Мекиќ го напушти клубот и потпиша за МЗТ Скопје Аеродром.
Мекиќ и претходно играше во дресот на Куманово во 2017 и 2019 година, а сега по трет пат ќе заигра и во дресот на актуелниот шампион.
Тој имаше отворен договор со МКК Куманово, со можност договорот да му се раскине спогодбено доколку добие понуда од клуб од странство.
Никола Ивановски

