Хомоскексуалноста може да ја покренат еколошки фактори за време на детството, тврдат научниците од Универзитетот во Калифорнија кои откриле дека генетрските промени кои се случуваат по раѓањето можат да одредат дали чевекот ќе биде хетеро или хомосексуалец.
Откритието веќе предизвикува контроверзии затоа што сугерире дека луѓето не се раѓаат како хомосексуалци, туку стануваат такви под влијание на околината. Исто така, зголемена е загриженоста меѓу поединците за тоа како оваа сексуалност сега ќе се третира.
Новото истражување на Универзитетот во Калифорнија се уште официјално не е објавено, но било претставено на годишниот состанот на Американското општество за хумана генетика во балтимор.
Научниците поручувале 37 различни машки близнаци, меѓу кои имало парови од кои еден е хомоскесуалец. Откриле дека е можно да се каже дали мажот бил хетеро или хомосексуалец со следење на ситните промени во начинот на фунцкионирање на неговата ДНК по раѓањето, инаку, подрачје познато како епигенетика.
Епигенетиката е научна дисциплина во биологијата, односно генетиката, која ги проучува наследните промени во експресијата на генот кои не се предизвикану во ДНК низата. Се користат исто така за прочувување на стабилните, долгорочни промени во транскрипцијата на потенцијалот на клетките кои не се неопходно наследени.
За разлика од генетиката, епигенетиката се заснова ан промените кои се случуваат надвор од ДНК низата (генотипот), промени на експресијата на генот или фенотипот на клетките.
Познато е дека епигенетските промени го покренуваат надворешниот фактор како што се хемиската изложеност, злоставување во детството, исхраната, бежбањето и стресот.
Истражувачите идентификувале девет подрачја во геномот каде гените функционирале различно кога близнакот е хомосексуалец. Научниците тврдат дека можат да предвидат со 70% точност дали човекот е „геј“ или „стрејт“ само со гледање во овие делови од геномот.
Според нашите сознанија, ова е пример на предиктивен модел за сексуалната ориентација врз база на молокуларните маркери. Сексуалната привлачност е темелен дел од животот, а за неа знаевме многу на генетско или молекуларно ниво. Се надевам дека со оваа истржување ќе се помогне во подобро разбирање на самиот себе и ќе се објасни зошто сме вакви или такви. – вели водачот на тимот наулникот др. Так Нгун.
Британскиот научник Тим Спектор вели дека ова е интересна студија која треба да се третира со „внимателност“ дедека научната работа официјално не биде објавена.
Секогаш беше мистерија зошто еден од ифентичните близнаци кои делат исти гени е хомосексуалец – вели Спектор, професор за генетска епидемиологија на Кралскиот универзитет во Лондон.