Ресторан нуди бесплатен оброк за децата, ако родителите ги остават мобилните телефони на влезот

Сподели со своите пријатели

Британскиот ресторан „Френки и Бенис“ ја претстави зоната без мобилни телефони откако спровеле анкета за тоа колку користењето на мобилните телефони има влијание врз семејните вечери. Тие од сега во понудата имаат бесплатни оброци за деца чии родители ги оставаат телефоните на влезот во ресторанот.

По влегувањето во ресторанот, на родителите ќе им биде побарано да ги остават телефоните во означена кутија, а кои ќе останат во неа за време на оброкот.

„Без телефонска зона“ е новиот програм во британскиот ресторан, чија цел е да се намали користењето на телефоните на маса за да семејствата минуваат повеќе време заедно.

Грчки министер забрани мобилни телефони на училиште

Loading...

– Нашиот персонал сака да ги охрабри семејствата да учествуваат во кампањата, но секако, не можеме да ги присилиме да ги предадат своите телефони, објаснуваат од овој британски ресторан.

Раководството на ресторанот се одлучило да воведе бесплатни оброци за деца откако најновите истражувања покажале дека 72 отсто од децата би сакале нивните родители да поминуваат помалку време користејќи мобилни телефони. Околу 70 отсто од децата мислат дека нивните родители уживаат при користењето на телефонот повеќе отколку со нив.

Меѓу испитаниците се и родителите, само 23 отсто од нив признале дека го проверуваат телефонот за време на оброкот, некои дури и кога децата им се обраќаат и разговараат со нив.

Освен тоа, имало и деца кои рекле дека некогаш ги кријат мобилните телефони на своите родители за да имаат повеќе време за нив.

Раководството на ресторанот тврди дека оваа програма ќе потрае.

Leave a Reply