Rex Tillerson, chief executive officer of Exxon Mobile Corp., speaks at the 2012 CERAWEEK conference in Houston, Texas, U.S., on Friday, March 9, 2012. Exxon Mobil Corp. is moving toward the conclusion of an agreement to drill in the Russian Arctic, Tillerson said. Photographer: F. Carter Smith/Bloomberg via Getty Images
Рекс Тилерсон во посета на Турција
On:
Сподели со своите пријатели
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон имаа „продуктивен“ разговор во Анкара, во кој ги разгледаат ваземно прифатливите начини за подобрување на билатералните односи, соопшти синоќа претставник на Стејт департментот.
Од друга страна, Кабиентот на турскиот претседател инфромира дека на средбата, што траела повеќе од три часа, Ердоган „сосема јасно“ ги изнел очекувањата на Турција во однос на сириското прашање.
– Во разговорите беа разгледани регионални теми, пред се Сирија и Ирак, како и борбата против тероризмот и билатералните односи. При тоа сосема јасно беа изнесен турските очекувња во врска со тие прашања, се нагласува во соопштението.
Претпладнево Тилерсон во Анкара ќе има средба и со неговиот домаќин, турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Односите меѓу САД и Турција се влошија првенствено околу американската подрршка на Силите за заштита на народот на сириските Курди, кои Анкара ги смета за терористичка организација и огранок на Курдската работничка партија (ПКК) во Сирија и против кои започна обемна офанзива минатиот месец.
Во понеделникот во пресрет на посетата на Тилерсон на Турција, Чавушоглу изјави дека односите меѓу Анкара и Вашингтон можат „или да се возобноват или дефинитивно да се распаднат“. / МИА