САД евидентираа најголем број смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на пандемијата во таа земја. Вчера починаа 3.054 луѓе од последици на коронавирусот.
Претходниот негативен рекорд беше поставен на 7 мај, кога починаа 2.769 пациенти, потсетува Би Би Си.
Во САД, повеќе од 106.000 луѓе се хоспитализирани поради коронавирус, а во некои држави болниците се полни, а медицинските експерти предупредуваат дека работите може да се влошат во следните недели, доколку граѓаните продолжат да ги игнорираат предупредувањата за патувања низ целата земја и за големи собири.
Експертите сметаат дека зголемувањето на бројот на болни и починати се должи на опуштањето на населението за време на Денот на благодарноста.
Сања Костовска