Реката била како тенка линија, но станала огромна па дури и создала сопствена клима (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Пресушената река Флиндерс во Австралија пораснала при поплавите на североистокот на земјата од тенка линија до 60 километри во широчина, покажуваат сателитските фотографии кои ги објави НАСА.

Loading...

На фотографиите од американската вселенска агенција се гледа како реката Флиндерс, еден од најдолгите водени токови во Австралија, се променила во текот на минатиот месец, при најголемите поплави во изминатите пет децении. Мерењата покажале дека реката во најшироките точки има широчина од 60 километри.

Толку пораснала што создала сопствена клима, пишува CNN. Метеоролошката агенција на Квинсленд соопштила дека зголемената влажност од поплавите допринела за создавање на бурата во четврток наутро.

Се очекува дека австрлаиската индустрија да претрпи штета од неколку милијарди долари поради големите губитоци поради бурите. Во поплавите угинале и 500.000 грла добиток, а штетата се проценува на 213 милиони американски долари.

На фотографиите објавени во медиумите се гледаат лешеви од добиток, кои мора да се запалат или погребаат поради ризикот врз здравјето.

Австралија претходно ја погодија незапаметени суши.

Leave a Reply