Рама сподели снимка од лансирањето на сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ во вселената

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Албанија, Еди Рама, објави дека сателитите Албанија 1 и Албанија 2 биле лансирани во вселената вчера од базата Кејп Канаверал на Флорида.

Loading...

Рама сподели видео од моментот на лансирање на Фејсбук.

– Рече, готово. Лансирана е ракетата „Фалкон 9“ која во вселената ги носи нашите два сателита Албанија 1 и Албанија 2 – рече Рама.

Тој додаде дека Албанија сега има повеќе можности да ја контролира и заштити територијата.

– Албанија од денеска има повеќе високотехнолошки способности за контрола и заштита на територијата, обезбедувајќи во реално време важни податоци во голем број клучни аспекти за одржлив развој – рече Рама.