Радакин: До крајот на јуни вкупните загуби на Русија ќе бидат 500.000 луѓе

Сподели со своите пријатели

Началникот на британскиот воен генералштаб, адмирал Тони Радакин денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не сака директен конфликт со НАТО и нуклеарна војна и оцени дека Украина ќе победи во војната.

Loading...

Говорејќи во интервјуто по повод 80-годишнината од битката за Нормандија, Радакин ги спореди напорите на сојузниците против нацистичка Германија со денешната поддршка на Западот за Украина.

„Тоа е економска војна. Тоа е логистичка војна. Тоа е војна на индустриското производство и политичка волја“, рече Радакин, додавајќи дека Русија има 11 отсто од украинската територија под своја контрола, во споредба со 17 отсто од територијата што ја контролираше во март 2022 година.

На прашањето дали е сигурен дека Украина ќе ја добие војната, Радакин рече дека е „многу уверен“ дека тоа ќе се случи.

„До крајот на јуни вкупните загуби на Русија ќе бидат 500.000 луѓе, ранети и убиени. Веќе поминавме 800 дена во војната што Путин очекуваше да трае три дена“, рече Радакин.

Тој додаде дека Русија и Кина нема да можат да поразат напад сличен на нападот на Иран врз Израел, како што направија САД и нивните сојузници, пренесува Sky News.