Путин во четврток патува за Казахстан

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин во четврток ќе го посети Казахстан, соопшти денеска кабинетот на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев.

Loading...

Двајцата лидери ќе се сретнат во главниот град Астана за да разговараат за билатерални прашања, се вели во соопштението за печатот.

Путин и Токаев ќе се приклучат и на казахстанско-руската деловна конференција, која ќе се одржи во градот Костанај, преку видео врска.

Казахстан не е потписник на МКС

Тоа ќе биде само трето патување на Путин во странство откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг (МКС) издаде налог за негово апсење во март по обвиненијата за воени злосторства, што Кремљ ги отфрла.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешна руска шпионка открива: „Заведував цели, а во КГБ нè учат на овие тајни техники“

Казахстан, како Кина и Киргистан, кои Путин неодамна ги посети, не е потписник на МКС.

Меѓународниот кривичен суд, кој го обвини Путин за незаконско депортирање на деца од Украина, обврзува 123 земји-членки да го уапсат и да го префрлат во Хаг на судење во случај да влезе на нивна територија.