Путин: Верувам во судбина, но и во можноста да ја променам

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска го слави 68-от роденден, изјави дека верува во судбина, но и во можноста дека секој човек има моќ да ја промени својата судбина.

Loading...

– Верувам во судбина, но и во можноста дека можеме да влијаеме врз неа, истакна Путин, додавајќи дека неговото мислење во врска со тоа прашање е посложено од стандардното „ако е нешто судено, тогаш така ќе биде“.

Според него, не е толку едноставно.

– Постојат многу теории. Многу ќе си помогнете ако имате самодоверба, ако верувате во своите способности, а најважно ако ја направите вистинската работа. Тоа може да ви ја промени судбината, нагласи Путин во интервјуто насловено како „20 прашања за Владимир Путин“, последно во рамки на серијалот по повод две децении на власт во Русија. 

Габриела Точко

Leave a Reply