Путин: Пријателството меѓу Русија и Кина не зависи од глобалните настани

Сподели со своите пријатели

Односите меѓу Кина и Русија не зависат ниту од домашни фактори, ниту од светските случувања, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорите со неговиот кинески колега Си Џинпинг.

Loading...

„Ние ги градиме нашите односи врз основа на пријателство, взаемна доверба, поддршка, еднаквост и взаемна корист. Овие врски се самодоволни и не зависат од домашни фактори или актуелните глобални случувања“, нагласи Путин, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека зајакнувањето на тие врски е „целосно конзистентно со целите за обезбедување интегриран развој на Русија и Кина и подобрување на благосостојбата на народите на двете земји“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинската војска погоди фабрика за авиони и складиште за нафта

Двајцата разговараа откако синоќа беше инаугурирана новиот американски претседател Доналд Трамп.

Путин му честиташе на Трамп неколку часа пред неговата инаугурација и рече дека е „отворен за дијалог“ за Украина за да се постигне „траен мир“, три години по почетокот на инвазијата на земјата.

Трамп претходно изјави дека би сакал да се сретне со Путин во првите шест месеци од неговиот мандат и дека е подготвен за такви контакти.