Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски му го честитал 68-от роденден на својот белоруски колега Александар Лукашенко.
Loading...
Двајцата лидери разговарале и за актуелните политички настани, вклучително и за ситуацијата во Украина, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува ТАС С.
„Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор срдечно му го честита роденденот на претседателот на Република Белорусија, Александар Лукашенко“, се наведува во соопштението.
Тие разговараа за некои клучни билатерални прашања, како и за ситуацијата во Украина“, соопшти Кремљ.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.