Путин: Ќе ја прекинеме испораката на нафта и гас ако ни ги ограничат цените

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин во средата се закани дека ќе го прекине снабдувањето со енергија доколку се воведат ограничувања за цените на рускиот гас и нафта, предупредувајќи го Западот дека ќе остане замрзнат како опашката на волкот во познатата руска бајка.

Loading...

Говорејќи на економски форум во источниот град Владивосток, Путин рече дека европските повици за ограничување на цените на рускиот гас се „глупави“ и ќе доведат до повисоки цени на енергијата во светот и економски проблеми во Европа.

Г7 го објави тој план минатата недела, а овој потег може да ја ограничи способноста на Русија да обезбеди танкери и во земји надвор од блокот.

Русија ќе се повлече од договорот за снабдување доколку Западот го спроведе планот за ограничување на цените, рече Путин.

„Ќе има ли политички одлуки спротивни на договорите? Да, нема да ги исполниме. Ништо нема да извезуваме ако тоа е спротивно на нашите интереси“, најави тој.

„Нема да извезуваме гас, нафта, јаглен, мазут – нема да испраќаме ништо“, предупреди Путин.

„Ќе ни остане само едно: како во познатата руска бајка, да ја осудиме опашката на волкот да замрзне.

Русија е втор најголем извозник на нафта по Саудиска Арабија и е најголем извозник на гас и жито.

Loading...

По правило, Европа увезува 40 отсто гас и 30 отсто нафта од Русија.

Путин рече дека Германија и западните земји се виновни што гасоводот Северен тек 1 престана да работи и што Украина и Полска самостојно одлучија да ги прекинат другите гасоводи кон Европа.

Стариот континент е соочен со зимска енергетска криза и зголемени сметки на граѓаните откако Гаспром целосно го прекина испраќањето на гас преку Северен тек 1, тврдејќи дека причината е од техничка природа.

„Северен тек 1 сега е практично затворен“, рече Путин, повикувајќи ја Германија да ја врати турбината за компресорската станица Портоваја, што ќе и овозможи на Русија да продолжи да пумпа гас.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.