Дваесет и четиригодишен кумановец бил приведен утринава по пријава дека психички и физички ја малтретирал својата поранешна партнерка.
– На 18.06.2026 во 08:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ѓ.(24) од Куманово постапувајќи по претходна пријава дека психички и физички ја малтретирал неговата поранешна партнерка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

