17-годишна кумановка тешко повредена: Автомобилот со кој излетала од пат, се запалил

Сподели со своите пријатели

Седумнаесетгодишна кумановка вчера се здобила со тешки телесни повреди откако возилото кое гу управувала излетало од патот и се запалило.

– На 17.06.2026 во 12:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 17-годишна девојка од Куманово, за која истиот ден нејзиниот брат пријавил дека се оддалечила од домот, излетало од патот, при што возилото се запалило, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По незгодата, како што додаваат од полицијата, малолетничката била пренесена во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 21-годишен кумановец кој возел со 1,55 промили алкохол

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски