Путин и Лукашенко разгоавараа трет пат за 24 часа

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во неделата наутро телефонски разговараше со претседателот на Русија Владимир Путин, како и со првиот претседател на Казахстан Нурсултан Назарбаев, пренесе агенцијата Белта.

Loading...

За време на претходниот разговор, кој се одржа во саботата навечер, Лукашенко го информирал Путин за резултатите од преговорите со раководството на приватната воена компанија „Вагнер“.

Двајцата лидери разговараа три пати во изминатите 24 часа.

Како што се наведува во соопштението, Лукашенко разговарал и со првиот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, со кого разговарал за меѓународната и регионалната ситуација, како и за белоруско-казашките односи, се наведува во соопштението.

Во текот на ноќта на 24 јуни во Ростов на Дон силите на „Вагнер“ го окупираа штабот на Јужниот воен округ, по изјавата на Евгениј Пригожин дека руската авијација извршила напади врз камповите на таа воена група.

Министерството за одбрана на Русија и Федералната служба за безбедност на Русија ги негираа тие наводи, пренесува Спутник.

Рускиот претседател Владимир Путин дејствијата на „вагнерите“ ги нарече криминална авантура, а против Пригожин беше поведена кривична постапка за организирање вооружен бунт.

Подоцна прес-службата на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко објави дека тој преговарал со Пригожин, кој го прифатил неговиот предлог да се запре движењето на „Вагнер“ на територијата на Русија.

Loading...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во саботата навечер објави дека Пригожин ќе отпатува за Белорусија и дека кривичната постапка против него ќе биде прекината.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.