Путин го смени генералот Бердников по колапсот кај Харков

Сподели со своите пријатели

Владимир Путин го разреши од должноста генерал-полковник Роман Бердников поради неуспехот на руските трупи да задржат големи делови од украинската територија во регионот Харков во изминатите неколку дена, пишува Дејли мејл.

Loading...

Контраофанзивата на украинските сили беше толку жестока што руските војници во паника ги напуштија тенковите, оружјето и сите воени резерви.

Некои извори, според Британците, тврдат дека Русите буквално побегнале од своите позиции, дури и ја оставиле облеката зад себе додека бегале од напредната украинска војска во регионот Харков на североистокот на земјата.

Напредувањето на украинската армија во областа започна пред шест дена и ја принуди Москва да ги повлече своите војници за да го спречи нивното опкружување, што Русија го потврди.

– Војниците стационирани во таа област се „префрлени“ во последните три дена на територијата на Доњецката Народна Република – соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Според податоците на Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, генерал-полковник Бердников бил назначен за командант на западните вооружени сили на 26 август 2022 година, така што практично бил разрешен по 16 дена од неговото назначување.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.