Путин: Ако САД се повлечат, Русија ќе одговори со иста мерка

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денска изјави дека ако САД одлучат да се повлечат од Договорот за нуклеарните сили со среден домет (INF), Русија ќе мора да одговори на ист начин и тоа ќе го стори многу брзо и ефикасно.

– Ако САД се повлечат од договорот, главното прашање е што треба да се направи со тие нови ракети. Ако ги испорачат на Европа, нашиот договор природно ќе мора да биде рамен на тоа, рекол Путин, а пренесува Ројтерс.

Тој искоментирал дека би сакал да разговара со Трамп за договорот INF на претстојниот состанок во Париз.

– Се надевам дека ќе можеме да разговараме за сите тие прашања на маргините на средбата со американскиот претседател во Париз на 11. ноември, рекол Путин на прес конференцијата по разговорот со италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Leave a Reply