Пушилин: Украинците треба да бидат потиснати најмалку 500 километри од границата

Сподели со своите пријатели

Украинските сили мора да бидат поместени најмалку 500 километри од границите на Русија, но во иднина ќе биде неопходно да се ослободи цела Украина, изјави денеска вршителот на должноста претседател на Доњецката Народна Република Денис Пушилин.

Loading...

– До каде треба да се потиснат украинските сили за да не бидат цел на гранати нашите населби? Најмалку 500 километри. Ја разбираме картата на Украина и разбираме каде треба да биде границата. Веројатно покрај реката Днепар, која е природна граница – рече Пушилин.

Според неговите зборови, после тоа би имало пауза во конфликтите, што Киев би го искористил за да ги прегрупира силите, да обезбеди дополнително оружје и да ги индоктринира останатите граѓани. Пушилин смета дека гранатирањето нема да престане додека Украина не биде целосно ослободена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

– Соочени сме со марионетски режим во Украина бидејќи Западот контролира се и нивната цел не е слободна и напредна Украина. Затоа, ослободувањето на новите руски региони во административните граници веќе не е доволно и гранатирањето ќе продолжи – изјави Пушилин.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.