Во Вашингтон е пукано во службен автомобил на амбасадата на Азербејџан, соопшти денеска прес-службата на азербејџанското Министерство за надворешни работи.
Loading...
„Ноќта меѓу понеделникот и вторникот пукано е во службениот автомобил на Амбасадата на Република Азербејџан во Вашингтон. Дипломатското претставништво веднаш ги извести релевантните американски структури и презентираше слики од надзорните камери“, се наведува во соопштението.