На 27.08.2016 година во 12,45 часот во Полициска станица Матејче, Р.М.(1964) од Куманово и Р.М.(1956) од селото Романовце, пријавиле дека во 11,30 часот во атарот на селото Злокуќани – Општина Липково на месноста викана .„Ливади на Исен“, со патничко моторно возило марка „Ауди“ и патничко моторно возило „Голф“, дошле шест лица и по кратка расправија во врска со сеча на шума испукале неколку куршуми од огнено оружје (пушка) пред нивните нозе, по што избегале.
Повредени нема. СВР-Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителите, велат од МВР.