ПУКАЊЕ ВО ХОЛАНДИЈА: Тројца загинати, еден тешко повреден

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа, а едно е тешко повредено во семеен дом во Додрехт, недалеку од Ротердам, јавуваат холандските медиуми.

Холандскиот Телеграф објави, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, дека полицаец пукал членови на неговото семејство, а потоа се самоубил, пренесува Ројтерс.

Полицијата не може да потврди што точно се случило. Инцидентот се случил околу 17:30 часот и на местото на настанот е испратен хеликоптер и неколку полициски возила, пренесува холандскиот портал НОС.

Градоначалникот на Дордрехт исто така објави преку Твитер, велејќи дека сочувствува со сите што се вклучени во инцидентот и најави дека во текот на вечерта ќе го посети местото на пукањето.

Leave a Reply