Првото бебе во Куманово во 2025 година е женско (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Првото бебе во Куманово за 2025 година е девојче, родено на 1ви јануари околу 17:10 часот на Гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница.

Loading...

Станува збор за втора рожба на мајката Хамиде Асанова, која патем е од Крива Паланка и има 26 години.

Нејзиното прво дете е машко, а сега на свет донесе женско дете тешко 3,6 килограми, долго 49 сантиметри.

– Посакувам само да биде здраво, живо и среќно, изјави мајката Хамиде Асанова.

 

 

Претседателката на Советот на Општина Куманово, во име на сите граѓани денеска ја посети родилката и заедно со директорот на болницата однесоа пригодни подароци.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФК Куманово 2012 и ФК Куманово Еуроспорт на силен меѓународен турнир во Малта

– Ѝ посакав прво таа да се опорави, девојчето да е живо, здраво и среќно. Да си ја сака државата, да си го сака градот и да си остане овде да придонесува, изјави претседателката Ѓорѓиевска.

 

 

Мајката и детето се во добра здравствена состојба, рече директорот на Општа болница Куманово Стефан Трајановски, кој се надева дека ова ќе биде плодна година.

– Раѓањето на женски плод наговестува плодна и бериќетна година. Имаме тренд на намалување на раѓањата за жал и се надевам дека ова е предзнак и за зголемување на бројот на раѓањата, рече директорот.

 

Loading...

 

Специјалистот д-р Софија Трајковиќ од Гинеколошко-акушерското одделение при Општа болница Куманово вели дека тимот има само седум специјалисти, па помош добиваат и од Скопје и со тоа успеваат да го покријат 24-часовното работење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Коледарите повикуваат на масовна прослава на Бадник во Куманово

– Во новата година за овие ден и половина имаме две бебиња, двете се женски пол, двете се добри, мајките се исто така добри. Моментално има една пациентка во предродилна сала, но кога ќе биде не знаеме, изјави специјалист д-р Трајковиќ.

 

 

Минатата 2024 година имало 688 раѓања во кумановската болница, но бројот продолжува да опаѓа, со оглед дека во 2023 имало дури 730.

Никола Ивановски

Loading...