Првиот случај на кракен е забележан и во Русија

Сподели со своите пријатели

Во Русија за прв пат е откриен нов подвид на омикрон, кракен, соопшти денеска руската државна служба за заштита на потрошувачите и благосостојба на граѓаните Роспотребнадзор.

Loading...

„Првиот случај на инфекција со сојот XBB.1.5 е потврден во регионот на Пенза при секвенционирање на геномот на корона вирусот“, се вели во извештајот на Роспотребнадзор, пренесува ТАС С.

Според санитарниот надзорник, во Русија има многу подсоеви на омикрон, но најдоминантна е БА.5.

Видот делта, кој беше доминантен во втората половина на 2021 година, беше регистриран во некои изолирани случаи минатата есен, додека другите соеви неодамна ги немаше.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва порача: Ако Западот го конфискува рускиот имот, ние нема да ги поштедиме

„Роспотребнадзор лабораториите и другите одделенија продолжуваат континуирано да ги следат соевите на Ковид што циркулираат во Руската Федерација и многу соседни земји“, се додава во соопштението на руската служба.

Претходно, здравствениот чувар објави дека кракен не ја зголемил смртноста, ниту е опасен како другите соеви на корона.

Кракен за прв пат е регистриран на 22 октомври во Њујорк и оттогаш се проширил во Америка, но и во 30 други земји, главно во Европа.