Први пријавени смртни случаи во Шангај од избувнувањето на новата епидемија

Сподели со своите пријатели

Кинеските власти пријавија три смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Шангај, првпат откако финансискиот центар на земјата влезе во строга изолација кон крајот на март.

Loading...

Во соопштението на градските здравствени власти се наведува дека жртвите биле на возраст меѓу 89 и 91 година и не биле вакцинирани.

 

Една петтина од човештвото може да биде осиромашена поради кризата во Украина

 

Властите во Шангај рекоа дека само 38 отсто од жителите на возраст над 60 години се целосно вакцинирани.

Градот сега треба да влезе во уште една рунда масовно тестирање, што значи дека строгиот карантин ќе продолжи четврта недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина изрази противење на пакетот помош од САД за Тајван

Кина досега тврдеше дека никој во градот не починал од КОВИД, иако тие бројки се доведени во прашање.

Loading...

 

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Жена во Харков оди по улица, а гранати паѓаат на неколку метри од неа (ВИДЕО)

 

Смртните случаи во понеделник се исто така првите поврзани со Ковид во земјата, официјално признати од властите од март 2020 година.