Учениците на ССОУ „Киро Бурназ“ се вратија со многу награди од меѓуучилишните активности за избор на најдобар ученик – ”Лидер во струката” од завршните години во стручното образование во Република Македонија.
На натпреварот ”Лидер на струка” во организација на Центарот за стручно образование, на кој учество земаа и учениците од ветеринарната и хемиско – технолошка струка, во профилот техничар за фармерско производство, учениците од ССОУ ”Киро Бурназ” земаа прво и второ место.
Изборот се организира за да се покажат, докажат, вреднуваат и рангираат знаењата, умеењата, вештините, способностите и вредностите на учениците по стручните предмети во рамките на струката. Ние како училиште сме горди на успесите на нашите ученици, вели директорот на Земјоделското училиште, Весна Трајковска.
На натпреварот кој се одржа во Прилеп, од профилот прехранбен техничар, учениците од ССОУ ”Киро Бурназ” од Куманово го освоија четвртото место.