Протест пред американската амбасада во Киев

Сподели со своите пријатели

Демонстрантите денеска се собраа пред амбасадата на САД во главниот град на Украина Киев, објави украинскиот портал Страна.уа.

Loading...

Според порталот, неколку десетици луѓе се собрале пред амбасадата на САД со украински и американски знамиња.

„Очигледно вака реагираат на последните изјави на Трамп со кои се критикува Зеленски и американските преговори со Русија“, се вели во објавата на порталот на социјалната мрежа Телеграм, пренесува Танјуг.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски диктатор, а претставниците од Киев не беа поканети на американско-руските разговори во Ријад за постигнување мир во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ѝ даде на ЕУ три недели да се договорат за условите за капитулација на Украина