Протече нова снимка на Берлускони: Го брани Путин и агресијата врз Украина

Сподели со своите пријатели

„Дали знаете како се случи ова со Русија? Но, за ова ве замолувам за максимална дискреција. Ветувате? Вака беше – во 2014 година во Минск, Белорусија, беше потпишан договор меѓу Украина и двете новоформирани републики Донбас за мировен договор за повеќе да не се напаѓаат. Украина го фрла тој договор во пекол една година подоцна и почнува да ги напаѓа границите на двете републики. Двете републики трпат воени загуби кои, ми велат, изнесуваат 5, 6, 7 илјади мртви. Пристигнува Зеленски, тројно ги зголемува нападите врз двете републики. Смртните случаи се зголемуваат, изјави Силвио Берлускони во тајните снимки кои ја разбрануваа јавноста во Италија.

Loading...

86-годишниот Берлускони често се фалеше со своето пријателство со Владимир Путин до руската инвазија на Украина, а минатиот месец предизвика бурни реакции кога рече дека Путин бил турнат во војна и сакал да постави „пристојни луѓе“ на чело во Киев.

Се е објавено од италијанската новинска агенција.

– Во очај, двете републики испраќаат делегација во Москва и конечно успеваат да разговараат со Путин. Велат „Владимир, не знаеме што да правиме, ти брани нѐ“. Тој се противи на тие иницијативи, се спротивставува, трпи силен притисок од цела Русија. И тогаш тој решава да измисли специјална операција – војниците мораа да влезат во Украина, да стигнат до Киев за една недела, да ја соборат владата на Зеленски и да инсталираат влада веќе избрана од украинското малцинство на добри и здрави разумни луѓе и уште една недела да се вратат назад – продолжува тој и додава дека првичната цел на Путин била да влезе во Киев и да го замени Зеленски.

– Влезе во Украина и се најде пред неочекувана и непредвидлива ситуација на отпор од Украинците, кои веќе трет ден почнаа да добиваат пари и оружје од Западот. Војната, наместо двонеделна операција, прерасна во војна долга двесте и пол години. Значи таква е ситуацијата – изјави Берлускони.

– Не гледам како Путин и Зеленски можат да седнат на преговарачка маса. Затоа што не постои можен начин. Зеленски, според мене… заборави, не можам да кажам… – сѐ уште се слуша како Берлускони вели.

Во вторникот, новоизбраниот претседател на Долниот дом, Лоренцо Фонтана, политичар од Лигата, во интервју за државната телевизија предупреди за последиците од санкциите против Русија.

– Тие би можеле да станат бумеранг, а ние ќе се најдеме во големи тешкотии – изјави тој во емисијата Порта а Порта.

Loading...

Десничарската коалиција на Браќата на Италија на идниот премиер Џорџа Мелони, Форца Италија на Берлускони и Лигата победи на изборите во септември.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.