Проруски командант: Украинците ги пробија нашите линии во Доњецк

Сподели со своите пријатели

Александар Кодаковски, шеф на прорускиот баталјон „Восток“ стациониран во регионот Донбас во источна Украина, објави дека украинската армија постигнала напредок во областа Великоновосилкивски западно од Доњецк.

Loading...

– Непријателот се обидува да се пробие. Тие ги групираа своите оклопни сили во „тупаница“ и постигнаа тактички успех“, објави Кодаковски на својот канал „Телеграм“, а потоа додаде: „Освоија една од нашите позиции, но претрпеа сериозни загуби“.

„Непријателот го зајакнува присуството на точката на пробивање“

„Сега непријателот го зајакнува своето присуство на пробивот, очигледно ќе се обиде уште повеќе да напредува“, напиша Кодаковски, кој тврди дека евидентираниот напад на украинската армија не претставува долгоочекувана контраофанзива.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков за ситуацијата во Сирија: Русија продолжува да го поддржува Асад

Сепак, тој предупредува дека, во случај Украинците да направат поголем пробив, значително повеќе војници би можеле да поминат низ точката на пробивање и да продолжат понатаму.

Оваа информација не е независно потврдена.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.