Пронајдена „заспиена убавица“ стара 2.000 години

Сподели со своите пријатели

Скелет на древна „заспиена убавица“ стара две илјади години пронајден е во резервоар на хидроелектрана, на југот на Русија.

Руските археолози веруваат дека откриената, добро сочувана мумија, припаѓала на жена облечена во свилено здолниште за живот по смртта.

Конечно откриена тајната на вонземската мумија од Чиле (ВИДЕО)

Loading...

Големиот пад на нивото на вода во гигантскиот резервоар висок преку 20 метри, на реката Јенсеј, на југот на Русија, го открил гробното место со скелетот, пишува Мирор.

– Долниот дел од телото е особено добро зачуван, рекла археологот Марина Килуновскаја од Институтот за историја на културни добра од Санкт Петербург.

Тоа не е класична мумија, во овој случај, погребана е цврсто до карпа, така да овозможена е природна мумификација.

Тим археолози, кој работел со денови, смета дека мумијата е сочувана и затоа што е потопена, во ерата на Советскиот сојуз во осумдесетите години.

Мумијата во „адидас патики“ и натаму крие многу тајни (видео)

Археологот Наталија Соловјева вели дека на мумијата има свилена облека и појас. Кај главата е пронајдена кружна дрвена изрезбана кутија за кинсеко огледало.

Жената е погребана пред 1.900 до 2.000 години. Покрај неа имало и два сада за месо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Патник пеел 14 часа без прекин: Невообичаена глетка на пат од Сараево до Виена (ВИДЕО)

Leave a Reply