Пронајден мртов шефот на украинската разузнавачка служба

Сподели со своите пријатели

Високорангиран украински разузнавач бил пронајден мртов во својот дом за време на викендот во централна Украина, објавија локалните медиуми.

Loading...

Олександр Наконечни, шеф на украинската разузнавачка служба СБУ во регионот на Криовоград, бил  пронајден доцна во саботата во нивниот стан во градот Корипвницки од неговата сопруга.

Според информациите, тој починал како последица од прострелни рани.

Канцеларијата на главниот обвинител на Украина ја потврди смртта на Наконечни, а полицијата започна истрага за инцидентот.

Локалниот политичар Андриј Лаврус на Телеграм напиша дека Наконечни се застрелал.

Надлежните органи не го потврдија ова тврдење.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.