Промовирана дигитална платформа за обука и професионален развој на наставници од средните стручни училишта

Сподели со своите пријатели

Унапредувањето на средното стручно образование е директно поврзано со обезбедувањето компетентни наставници, кои континуирано ќе се надоградуваат. Затоа е направена и оваа платформа ИНОВЕТ што денес ја промовираме, да служи како дигитална база на наставниците во нивниот професионален развој, да им овозможува на едно место да добијат информација за обуки и курсеви за стручно усовршување и да можат онлајн да ги реализираат истите. Истовремено, преку е-библиотека, наставниците имаат пристап до материјали за стручно усовршување, а можат и меѓусебно да комуницираат и да споделуваат искуства и инструкции.

Loading...

Ова го истакна заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу на денешниот настан посветен на дигитализација на средното стручно образование во организација на Центарот за стручно образование и обука и проектот „Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк“ финансиран од Швајцарската амбасада, на кој беа презентирани повеќе достигнувања поврзани со унапредување на средното стручно образование и реализирани активности за промоција и привлекување на повеќе ученици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

„Со искористувањето на придобивките од овие дигитални алатки кои досега не постоеја кај нас, наставниците постојано ќе се усовршуваат во својата работа, а од друга страна ќе придонесат за унапредување на квалитетот на средното стручно образование, бидејќи и понатаму тие се најважната алка во овој процес и во пренесувањето на знаењето кон учениците“, рече Алиу.

На промотивниот настан учествуваа и директорот на Центарот за стручно образование и обука Шериф Мифтари, претставници од швајцарскиот проект Образование за вработување на Северна Македонија (E4E@мк), како и директори и наставници од поголем број на средни стручни училишта.

Зборувајќи за важноста на дигитализацијата во стручното образование и обука, директорот Мифтари рече дека Центарот за стручно образование во изминатиот период освен што работеше на воспоставување на платформата inovet.edu.mk, исто така се посвети и на програмата за безбедност и здравје при работа, на дигиталните обуки за наставниците, феријалната пракса, учењето преку работа и процесите на ориентација. Тој ги промовираше и новите обучувачи на ментори во компанија, чие место во процесот на практичната обука на учениците во компаниите е исклучително важно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Учесниците на настанот се осврнаа и на новиот конкурс за упис во средни училишта, кој е веќе објавен на веб страницата на МОН и во печатените медиуми, а каде акцентот повторно е ставен на средното стручно образование и дуалните паралелки кои се формираат во соработка со приватниот сектор.

„И овој пат уписната политика за учебната 2022-2023 ја креиравме преку социјалниот дијалог „Учи паметно, работи стручно“ кој резултираше со отворање на дури 223 дуални паралелки. Евидентен е напредокот што го постигнавме. Тоа е двојно повеќе од лани, кога, за учебната 2021/2022 беа отворени 97. А се сеќавате дека претходно имаше само 11. Ова значи дека годинава имаме рекорден број на компании кои изразија интерес и ќе бидат дел од реализацијата на практичната настава за учениците. Тие се наведени во конкурсот“, рече Алиу, упатувајќи апел до идните средношколци добро да размислат за изборот и како што рече, да се водат согласно личните убедувања, афинитети и предиспозиции, но секогаш во предвид да ја имаат информацијата за тоа каков тип на образование им одговара и кои работни места се атрактивни и се нудат на пазарот на труд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Министерство за образование и наука

Loading...