Промовиран видео записот за песната ”Аир да не сториш мамо” (видео)

Сподели со своите пријатели

Во Театар Куманово, вчеранавечер се одржа промоција на видео спот, обработка на македонската народна песна ”Аир да не сториш мамо”, во изведба на Александар Богдановски, дипломиран музичар изведувач од Куманово.

Loading...

Македонската народна песна ”Аир да не сториш мамо”  потекнува од североисточниот регион, односно од тромеѓата Куманово, Кратово и Крива Паланка, и претставува обид за заживување на македонското културни наследство во еден поинаков стил, вели Богдановски.

– Видео спотот за песната ”Аир да не сториш мамо” го работевме во просториите на НУЦК ”Трајко Прокопиев” . Заедно со мене како соло изведувач во проектот се вклучија и Слаѓан Станишковски на кавал и Стевче Стојковски на гајда, вели Богдановски.

Вечерашното претставување на видео записот претставува вовед во нов проект на Богдановски во кој ќе бидат опфатени повеќе преработки на македонски народни песни во етно стил во комбинација со електронска музика.