Промоција на книгата „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Куманово

Сподели со своите пријатели

Утревечер со почеток во 19 часот, во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово ќе се одржи промоција на книгата „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски.

Loading...

Свое излагање за романот ќе има промоторот проф. д-р Кристина Николовска.

Венко Андоновски е роден 1964 година во Куманово, еден од најчитаните македонски автори во последната деценија.

Добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, „Кочиќево перо“ и „Југра“.

„Си одам, не ми требаат вашите лаги, ја барам Вистината и Светлината“

Приказната во романот е раскажана од три различни гледни точки, но тие се дозирано ограничени, читателот има потполна слобода сам да го креира настанот според сопствените „слоеви“.

„Папокот на светлината“ е доброволно отуѓување, доброволно напуштање на еден агресивен, перверзен и веќе опасен за душевното здравје свет-нашиот свет на корпоративен капитализам, кој се сведува на цицање крв и тотална униформираност на личноста и нејзината посебност. Таму беше „Не те прифаќаме, оди си, ни пречиш во лагите“, овде е „Си одам, не ми требаат вашите лаги, ја барам Вистината и Светлината“. ( Венко Андоновски)

Интегрално соопштение

Loading...