Промоција на книга „Лебед“ од Ана Стојаноска во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вечерва во фоајето на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Лебед“ од роф. д-р Ана Стојаноска.

Loading...

Промотор на романот е проф.д-р Јелена Лужина, а настанот ќе биде проследен со музика на пијано од младиот талентиран музичар Ерди Шахини.

Настанот е дел од Годишната програма за литература за 2022 година поддржана од Министерство за култура на Р.С Макесонија.

Д-р Ана Стојаноска, театролог, писателка, професорка на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Дипломирала на отсекот за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (2001). Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала (2003) и докторирала (2007).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Ќе има ли дожд?

Работела како истражувач – координатор во Институтот за театрологија при ФДУ – Скопје, од 2002 г. Учествува(ла) на многу симпозиуми, научни трибини и работилници од областа на театрологијата, компаративната книжевност и културологијата. Одржала повеќе јавни предавања од областа на театрологијата.

Авторка е на книгите: Јас и Лин, отпосле (роман, прво издание, Блесок, 2016; за која ја доби наградата Рациново признание, 2017 и беше финалист за наградата Роман на годината и второ издание, Култура, 2019), Дијалози во еднина (Култура, 2019), Димитар Ќостаров – Реалистичката поетика и естетика на еден режисер (монографија, ФДУ, 2014) и Македонски постмодерен театар (монографија, ФДУ, 2006).

Приредувачка на книгите Драми од Дејан Дуковски (Проартс, 2002) и Современа македонска драма (Микена, 2008). Авторка на деведесет студии и есеи објавувани во македонската и странската периодика, како и коавтор на неколку театарски монографии. Исто така, е дел од авторскиот тим на Поимникот на книжевната теорија (МАНУ, 2007). Коавторка на повеќе театролошки монографии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гиновска: Вчерашниот митинг беше масновно изразување на народната волја (ВИДЕО)

Во 2019 година стана член на Друштвото на писатели на Македонија.

Loading...

Пишува постојано, не сакајќи да се „вкалапува“ во ниту еден жанр (научен или книжевен), затоа пишува и проза и поезија и драмски текстови. Нејзината монодрама Стаклен лампион е праизведена како радиодрама, во продукција на Театра – Скопје, 2013.

Во 2017 година за романот „Лебед“ авторката го добива „Рациновото признание“. Оваа година таа е и претседател на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Рецезентот проф.д-р Лидија Капушевска -Дракулевска за романот ќе напише „Ракописот „Лебед“ ја прославува музиката(и уметноста, воопшто)н и врвно естетско начело – убавината. Се пулсира во знакот на овој клучен идеал. Кога на ова ќе се додаде и фактот дека приказната во романот ја следи животната сторија на две самохрани мајки, станува јасно дека ракописот на Стојаноска остварува и една општествено-ангажирана функција.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба

Интегрално соопштение