Промоции на книги од Пламен Тотев и Сашо Кокаланов во Куманово и Скопје

Сподели со своите пријатели

Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, заедно со Факултетот за драмски уметности во Скопје и НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе ги промовираат книгите „Среќните луѓе не слават родендени“, од македонскиот автор Сашо Кокаланов и „Животот на литературната класика“ од бугарскиот автор Пламен Тотев.

Loading...

На 11 јануари 2024, со почеток од 19:00 часот, во Малата сала на Центарот за култура во Куманово, литературните дела ќе бидат претставени од Петар Андоновски, Стојан Синадинов и Сашко Насев.

 

 

На 12 јануари 2024, со почеток од 19:00 часот, во Бифето на ФДУ, промотори на книгите ќе бидат Петар Андоновски, Нове Цветаноски, Сашко Насев и Стојан Синадинов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Едно избирачко место во Куманово отворено со задоцнување

Промоциите на делата од овие двајца значајни автори за македонската и бугарската литература ќе се одржат во присуство на самите Сашо Кокаланов и Пламен Тотев.