Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд во северните делови на земјава. По одделни котлини ќе има појава магла и ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, повеќе ќе биде изразен долж Повардарието. Максималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 15 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 9 степени целзиусови.
До сабота времето ќе биде стабилно и суво со појава на магла по одделни котлини. Од недела следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со услови за снег на планините.