Според метеролошкиот билтен на УХМР, оваа недела не` очекува врнежливо време. Веќе од четврток ќе има целосна стабилизација, а за празниците се очекува сонце и покачување на дневните температури.
Во вторник ќе имаме повторно нестабилноо и облачно време, но со послаби врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од 2 до 6 степени. Во среда веќе не` очекува постепено стабилизирање на времето и постепен раст на температурите. Времето ќе биде облачно со повремени сончеви период, а температурата ќе се движи во интервалот од првиот до деветиот степен.
Во четвртокот и деновите пред празникот ќе имаме целосна стабилизација на времето. Во четврток веќе не` очекува сончево време и високи температури кои ќе се искачат до 20-тиот степен.
Во петок и за време на продолжениот викенд ќе имаме сончево време и вистинска пролет. Температурите ќе се движат од 7 до 21 степени.