Дописник на Би-Би-Си разговараше со двајца Украинци кои рекоа дека биле заробени од руски војници повеќе од еден месец во коморите за мачење во полициската станица во Херсон, кога градот го зазеле руските сили.
Анзела Слободиан (49), која пред руската инвазија работела како ТВ водителка, вели дека Русите психички ја мачеле повеќе од еден месец во мала ќелија, која ја делела со уште четири жени.
„Кога измачуваат некого со електрошокови, можете да го слушнете тоа. Тоа е многу специфичен звук. Луѓето врескаа од болка“, изјави таа за Би-Би-Си, додавајќи дека не може да спие бидејќи светлата постојано биле вклучени.
Кога конечно ја пуштиле да си оди, сфатила дека не може да спие во темница.
Олександар Максименко (69) бил во собата со уште 15 мажи.
Тој вели дека Русите постојано ги тепале и мачеле, а некои од нив ги изложувале и на струен удар.
„Беше страшно. Едниот беше вратен во ќелијата по сослушувањето, јазикот му беше целосно црн. Беше толку отечен што не можеше да го врати во устата“, рече Максименко.
Затворениците биле принудени да ја научат руската национална химна, а Максименко вели дека го принудиле да снима за руската телевизија.
Русија негира дека извршила воени злосторства за време на инвазијата на Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.