Проговори таткото на пилотот на авионот на Пригожин: Не знаел кој е на списокот на патници!

Сподели со своите пријатели

Рустам Каримов (29), пилотот на Ембраер кој вчера се урна во Русија, почнал да работи во компанијата пред само три месеци, изјави неговиот татко.

Loading...

Според таткото на Рустам, непосредно пред летот ѝ се јавил на мајка си и ѝ рекол дека оди на патување.

Немал претстава дека никогаш повеќе нема да го видат.

Авионот се урна на 23 август во вечерните часови во регионот Твер, а Шукур Каримов потврди дека леталото го управувал неговиот син Рустам.

Тој откри дека неговиот син завршил пилотска академија во 2014 година, а се оженил пред неколку години.

– Отпрвин работеше за авиокомпанијата S7 и живееше овде во Перм. Кога започна пандемијата, тој остана без работа – изјави за 59.ru таткото на починатиот пилот.

Тој наведува дека Рустам повторно останал без работа со почетокот на војната во Украина, а дури неодамна почнал да работи во компанијата која го поседувала авионот што се урна.

Ја повика мајка си

– Таа работа ја најде пред три месеци, а пред само два месеци се пресели во Санкт Петербург. Пред летото ѝ се јави на мајка си и ѝ кажа дека оди на пат – вели Шукур.

Loading...

Тој тврди дека Рустам не можел да знае кои се неговите патници во летот, а особено не дали меѓу нив бил и Евгениј Пригожин.

– Како може да знае кој е на списокот на патници, бидејќи е само пилот – рече Шукур.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.